Реновиран е Клубот на пратеници, а наскоро ќе се покрене постапка за впишување на државниот имот во Катастарот за недвижности.
– За мене задоволство е што сум денеска ете заедно и со Златко и со Ивица овде во овој реновиран објект. Мислам дека треба така да продолжиме да се грижиме за имотот на државата бидејќи тој е заеднички имот на граѓаните. Има неколку работи коишто во периодот што следи јавноста ќе ги дознава. Замислете, дел од имотот вклучително и оној што треба државниот врв да го користи и да престојува во него не е впишан во имотен лист. Државата тоа го нема запишано ниту во имотен лист, не е ни нејзина сопственост иако дефакто е така, но де јуре не е така. Почнувањето со работа на овој реновиран објект познат како Клуб на пратеници се поврзува со кампањата којашто ќе ја правиме заедно со Златко во единиците на локалната самоуправа каде што ќе почнуваме проекти коишто се дел од програмата на Владата за инвестиции во општините – изјави Мицкоски.
Тој најави дека периодот што следи ќе биде динамичен, интересен, полн со многу проекти нешто што граѓаните го бараат и ќе им биде потребно.
– Ве повикувам да нѐ следите. Мислам дека е добро овој процес да поминува транспарентно и добро е граѓаните одблиску да го дознаваат она што ќе го работиме како Влада преку соодветните министерства. Целиот овој процес го координира Министерството за локална самоуправа – додаде Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖