Background

Катастарот влегува во нова ера на дигитализација

Катастарот влегува во нова ера на дигитализација. Граѓаните повеќе нема да губат време со чекање и одење од шалтер на шалтер – од денеска, официјално е достапна апликацијата за следење на статусот на барањата, со која корисниците ќе можат да добијат информација за својот предмет во рок од најмногу 1 час по поднесувањето.

Со оваа нова алатка, Агенцијата за катастар на недвижности го прави големиот чекор кон целосна дигитална трансформација, подобрувајќи ја ефикасноста и транспарентноста на услугите.

– Ги слушавме вашите поплаки, ги анализиравме проблемите и создадовме решение кое ќе ги надмине предизвиците и ќе нè движи напред во дигиталните иновации – изјави директорот на Катастарот, Иван Живковски.

- Advertisement -
Ad image

Тој нагласи дека дигитализацијата е врвен приоритет, а граѓаните конечно ќе добијат брза и лесна проверка на нивните барања.

Апликацијата, која подолго време била нефункционална, сега е повторно во употреба и може да се пристапи преку веб-страницата на Агенцијата, во делот „Увид во статус на предметот“. Доволно е да се внесе кодот од потврдата за прием на барањето, а системот веднаш ќе ги прикаже основните податоци за типот на барањето и неговиот моментален статус.

– Ова е само почеток на големите промени. Катастарот станува современа и модерна институција, а оваа апликација е само еден од чекорите во тој правец. Ги повикувам сите граѓани да ја користат и да се уверат во нејзината ефикасност – додаде Живковски.

Со ова, Агенцијата за катастар на недвижности прави значаен чекор кон унапредување на јавните услуги, олеснувајќи им ја работата на граѓаните и професионалните корисници.

Линк до апликацијата: http://status.katastar.gov.mk:8080/status-work/Login.jsp

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖