Ирско – американската компанија за изработка на авто делови „Аптив“ го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик  и се сели во Полска и Португалија, а британскиот гигант „Џонсон Мети“ ќе го намали бројот на вработени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ирско – американската компанија за изработка на авто делови „Аптив“ го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик  и се сели во Полска и Португалија, а британскиот гигант „Џонсон Мети“ ќе го намали бројот на вработени, објави телевизија Телма.

Од компанијата „Аптив“ која во Бунарџик работи од 2016 година и има 500 вработени, ја објаснуваат одлуката со оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на  глобалниот пазар, па производство од Бунарџик ќе го селат производството во нивните погони во Полска и Португалија, а во Македонија ќе го затворат.

За вработените е изготвен план за поддршка кој ќе се реализира според македонските закони.

Британскиот гигант „Џонсон Мети“ кој е најголем извозник од Македонија, го намалува бројот на вработени.

Од компанијата, за телевизијата изјавија дека ќе го намалат бројот на работни позиции поради глобалните случувања на автомобилскиот пазар.

Од ТИРЗ , пак тврдат, дека сè уште не добиле ништо официјално за плановите на двете компании.

Share This Article