Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеј, одлучил да ги забрани терапиите за промена на полот и операциите за малолетници, како и да воведе ограничувања за сместување трансродови жени во женски затвори.
Кабинетот на Милеј соопшти дека владата ќе го промени законот од 2012 година што им дозволува на луѓето да го менуваат својот родов идентитет, вклучително со забрана за хормонски третман и за операции за деца.
„Родовата идеологија, доведена до крајност и применета врз децата преку сила или психолошка принуда, јасно претставува злоупотреба на деца“, се вели во соопштението од Кабинетот.
Во Аргентина, операциите поврзани со родот многу ретко се вршат на деца, а трансродовите малолетници обично мора да подлежат на медицинска евалуација и на дијагноза пред да почнат да користат блокатори на пубертетот или хормонски терапии.
Милеј ќе донесе и декрет дека затворениците ќе бидат сместени според нивниот пол, регистриран во моментот на кривичното дело. Сепак, ниедна трансродова жена нема да биде сместена во женски затвор доколку е осудена за сексуални злосторства, трговија со луѓе или за насилство врз жени, додаде претседателството.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
