Уредничката на „Вог“ првпат ги извади очилата за сонце

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уредничката на списанието „Вог“, Ана Винтур ја доби една од најголемите почести во својата кариера кога кралот Чарлс ѝ го додели орденот на Британската империја за нејзиниот значаен придонес во модната индустрија.

Дамата Ана Винтур, со најдолг стаж во „Вог“, беше прогласена за „Companion of Honour“ за нејзиниот придонес во модата.

Со овој орден, таа им се придружи на Дамата Џуди Денч, Сер Елтон Џон, Дејвид Хокни и Сер Пол Макартни во избраната група.

Ана беше прогласена за Дама во 2017 година од кралицата Елизабета Втора, која ја почести за нејзиниот придонес во модата и новинарството.

На официјалниот инстаграм-профил на британското кралско семејство беа објавени две фотографии од доделувањето на наградите, а особено внимание привлече нејзината реакција за време на церемонијата кога за прв пат ги извади заштитните очила кои вообичаено никогаш не ги вади.

 

Овој редок момент предизвика многу коментари кај корисниците на социјалните мрежи, од кои многумина беа воодушевени од нејзината насмевка и гест на симнување на очилата, додека други беа критички настроени кон ова признание.

„Не ми се верува дека конечно ги извади очилата за сонце“, „Се насмевнува“, „Убаво е да ја гледаш насмеана и без наочари“, беа дел од коментарите.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, имаше и такви кои веруваа дека Винтур не заслужува такво признание.

„Зошто би добила таква титула?“, „Не го заслужила тоа“, „Таа е најпреценетата личност на светот“, коментираат незадоволните корисници.

Имено, магазинот „Вог“ неодамна го привлече вниманието со критиките за официјалниот портрет на Меланија Трамп, првата дама на САД. На фотографијата Меланија е облечена во црн костум и бела кошула, а магазинот напиша дека нејзиниот изглед повеќе наликува на „хонорарен магионичар“ отколку на јавна личност.

- Advertisement -
Ad image

Дополнително, тие коментираат дека наместо да личи на првата дама, таа изгледала како да е на снимањето на реалното шоу „The Apprentice“, кое нејзиниот сопруг Доналд Трамп го водел пред да стане политичар.

Share This Article