По скандалот што Бјанка Ценсори и Канје Вест го предизвикаа на доделувањето на наградите Греми, „Дејли мејл“ ја контактираше нејзината мајка Александра Ценсори за коментар

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По скандалот што Бјанка Ценсори и Канје Вест го предизвикаа на доделувањето на наградите Греми, „Дејли мејл“ ја контактираше нејзината мајка Александра Ценсори за коментар.

„Ние сме само нормални луѓе и сакаме нашите животи да ги скриеме од јавноста колку што можеме“, рекла нејзината мајка. Што се однесува до Бјанка, таа кратко одговорила: „Немам што да кажам за неа, благодарам“.

Со месеци се шушка дека нејзиното семејство е загрижено.

Уште пред овој скандал се пишуваше дека нејзиното семејство е загрижено за врската на Бјанка со раперот, а извори во тоа време тврдеа за странските медиуми дека мајката на Бјанка наводно одлетала во САД со намера да го „спаси“ своето дете.

Минатата година во медиумите се појави вест дека таткото на Бјанка, Лео, ги поканил ќерка си и Канје во Австралија на сериозен разговор затоа што верувал дека раперот не се однесува добро со Бјанка.

„Требаше да одат во Австралија, но Бјанка не сакаше. Нејзиниот татко мисли дека Канје ја контролира Бјанка и мислам дека тоа нема да биде убава средба“, рекол извор за „Дејли мејл“.

Исто така, откако почнаа да кружат гласини дека Бјанка го напуштила познатиот рапер, изворите тврдат дека нејзиното семејство влијаело на таквата одлука.

„Бјанка почна да гледа на врската во ново светло откако пријателите и семејството изразија загриженост за начинот на кој таа се облекува во јавноста. Сепак, Канје и Бјанка продолжија во бракот.“

Многумина веруваат дека раперот ја принудил Бјанка да се соблече гола.

- Advertisement -
Ad image

 

За потсетување, Канје и Бјанка се венчаа во 2022 година, еден месец откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Оттогаш парот привлекува внимание каде и да се појави, најмногу поради нивните модни комбинации.

- Advertisement -
Ad image

Раперот на доделувањето на наградите Греми се појави во едноставна црна облека, а Бјанка покрај него беше облечена во црна долга бунда. Откако накратко им позираа на фотографите, Вест, како што забележаа читателите на усните, и рече да „направи сцена“, а Бјанка потоа ја соблече бундата. Прво го покажала задниот дел од аутфитот, а потоа се сврте и покажа дека не носи ништо под проѕирниот фустан.

Странските медиуми објавија дека полицијата потоа ги избркала од настанот, но раперот подоцна се огласи и рече дека тоа не е вистина. Канје имал покана за доделувањето на Греми, но тој по појавувањето на црвениот тепих веднаш заминал на забава, не ни сакал да присуствува на церемонијата.

На својот инстаграм-профил тој сподели фотографија од американскиот телевизиски новинар Дон Лемон.

„Ова е идиотот кој ја започна гласината дека јас и мојата сопруга сме исфрлени од Греми“, напиша тој.

Раперот набрзо потоа ја избриша објавата.

 

Share This Article