Германија, Турција и Велика Британија го отфрлија планот на Трамп за Газа

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

И Германија, Велика Британија и Турција, по арапските држави, денеска го отфрлија како неприфатлив предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземе контролата врз Газа, која би станала „ривиера“, каде „би населил луѓе од целиот свет“. Тој предлогот го даде вчера, при посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а минатата недела рече дека Палестинците од Газа треба да се преселат во Египет и во Јордан, за „да живеат во мир“.

Шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, денеска изјави дека Палестинците треба да имаат иднина во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег и дека поддржува решение засновано на две држави, Палестина и Израел.

– Отсекогаш бевме јасни во нашето верување дека мора да има две држави. Палестинците треба да живеат и да напредуваат во своите татковини во Газа и на Западниот Брег – рече тој на прес-конференција за време на неговата посета на Киев.

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан рече дека ова „е неприфатливо“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок категорично ги отфрли плановите на Трамп за присилно отстранување и раселување на палестинското население од Појасот Газа.

– Протерувањето на палестинското цивилно население од Газа не само што е неприфатливо и спротивно на меѓународното право, туку би предизвикало нови страдања и нова омраза, – изјави денеска Бербок.

Таа нагласи дека „сите се согласуваат оти Газа мора што поскоро да се обнови“, за што ќе биде потребна обемна меѓународна помош.

– Ние, Европејците, сме подготвени да ја дадеме нашата поддршка заедно со САД и партнерите во регионот – додаде Бербок.

Таа нагласи дека на цивилното население во Газа му е потребна „помош за иднина на нивната земја – со безбедност, достоинство и во мирен соживот со Израел“. Повика на „вистински политички перспективи“ за Газа, во кои терористите на Хамас повеќе нема да имаат никаква улога.

- Advertisement -
Ad image

– Истовремено, едно е јасно: Газа, исто како и Западниот Брег и Источен Ерусалим, ѝ припаѓа на палестинската популација. Тие се основата за идната палестинска држава – истакна германската министерка.

Таа потсети дека меѓународните институции, вклучително Г7, ЕУ и ОН, од самиот почеток јасно ставија до знаење дека „цивилното население во Газа не смее да биде раселено, а Газа не смее да биде трајно окупирана или одново населена“.

Како единствено решение што ќе овозможи мир, безбедност и достоинствен живот за Палестинците и Израелците, Бербок повторно ја нагласи потребата од договорено решение за две држави.

- Advertisement -
Ad image

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, за време на посетата на Јордан, изрази скептицизам во врска со предлогот на Трамп.

– Тука, во регионот, слушам само загриженост – изјави тој по средбата со кралот Абдула Втори во Аман.

Штајнмајер нагласи дека внимателно ги бира зборовите, но истакна дека на регионот му е потребно одржливо решение, а не краткорочни мерки.

Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди, денеска го нарече „многу изненадувачки“ планот на американскиот претседател.

– Многу е тешко да се зборува за ова многу деликатно прашање – рече Гранди.

Според него, моменталната ситуација, по вчерашните изјави на Трамп, останува нејасна.

Трамп рече дека САД ќе ја преземат сопственоста на разурнатиот од војна Појас Газа откако Палестинците ќе бидат раселени во други земји, а исто така и економски ќе го развијат тоа подрачје.

Трамп го објави планот, чии детали не ги соопшти, на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.

– Тоа е нешто многу изненадувачки, но треба да видиме што значи тоа конкретно – рече Гранди.

Трамп, за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, изјави дека САД сакаат да преземат контрола врз Појасот Газа, кој е речиси целосно уништен по повеќе од една година израелско бомбардирање.

 

Share This Article