Министерот Филков им порача да го задржат интегритетот кога ќе се соочат со реалноста

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Како што информираше директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, уверенија ќе добијат вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители.

– Оваа генерација е најбројна досега, односно 50 судии и 47 јавни обвинители, вкупно 97 кандидати. Сите успешно го завршија завршниот испит, впрочем поради тоа сме денеска тука на свечено доделување на нивните уверенија – изјави директорката.

Прашана дали постои интерес кај младите за професијата судија или јавен обвинител, со оглед на тоа што довербата во судството е ниска, Трајкоска Стрезоска рече дека постои интерес, бидејќи има кандидати кои се пријавуваат, додека пак, во врска со генерацијата која остана „заглавена“ поради изборниот процес минатата година, Трајкоска Стрезоски вели дека одлука треба да донесе Управниот одбор.

– За таа генерација треба да донесе одлука Управниот одбор. Веднаш штом ќе биде донесена одлуката ќе биде објавена на нашата веб страница. Од минатата година Академијата работи транспарентно и сите одлуки и активности се објавуваат на веб страницата. Треба да одлучи Управниот одбор дали да продолжи таа генерација – вели Трајкоска Стрезоска.

На прашање зошто досега Управниот одбор нема донесено одлука, Трајкоска Стрезоска го повтори ставот дека „постојат органи кои одлучуваат по тоа прашање, во конкретниот случај одлука треба да донесе Управниот одбор“.

– Не можам да дадам изјава, ниту коментар во врска со ова. Сепак, постојат надлежни институции и органи кои што носат одлуки, а за оваа ситуција конкретно треба да донесе одлука Управниот одбор – подвлече Трајкоска Стрезоски.

За кандидатите кои денеска добија уверенија за судии и јавни обвинители, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски рече дека уште утре ќе биде одржана седница на Советот и ќе бидат објавени на оглас.

– Од оваа генерација има 50 судии и тие ќе бидат на огласите за кои веќе утре имаме закажено седница и ќе бидат објавени. Од вкупно 97 кандидати, 50 се за судии, 47 за јавни обвинители. Ова ќе биде првичниот оглас, нека се спроведе тој, па ќе видиме понатаму колку судии ќе успееме ние да пополниме – рече Камбовски.

Министерот за правда Игор Филков на церемонијата им посака успех на новите судии и обвинители.

- Advertisement -
Ad image

– Вашиот интегритет и стручност како клучен фактор, а понатаму и вашата професионалност во постапувањето во предметите се суштинските елементи во креирање на систем кој ги штити правата и интересите на граѓаните. Токму вие како долгоочекувана нова енергија во правосудството, можете и потребно е да направите многу, да докажете дека сте вистинскиот избор на државата, која во вас вложила ресурси и време. Пред вас претстојат многу предизвици. Ќе се соочите со реалноста и со голем број предмети по кои ќе мора да постапувате или одлучувате во многу кратки рокови. Токму затоа вашиот процес на едукација не престанува тука со моментот на завршување на почетната обука – им порача министерот Филков.

За најавените измени на Законот за Судски совет, Камбовски вели дека не е во негов домен. На новинарско прашање за тоа како ја оценува одлуката на власта за носење на законско решение со кое што во иднина Собранието ќе може да ги разрешува судиите, тој го повтори ставот таквата пракса не влијаела добро, бидејќи, како што рече, државата имала искуство со слични пракси во изминативе 30 години.

– Единствен закон кој ја регулира таа тематика е Законот за Судски совет. Ние сме дел од работната група за измената на тој Закон, денеска го имавме првиот состанок и не би можел да коментирам, бидејќи ги немам видено предлозите кои што се дадени за тоа како ќе се уредува. Повеќе пати кажав дека носењето на законско решение со кое што Собранието ќе може да разрешува судии, не е добра пракса за да се воспостави. Сме имале искуство со слични пракси во изминативе 30 години и знаеме како завршуваат тие пракси. Со секоја промена на власт ќе се променуваат тие тела, што на крајот значи дека сепак имало мешање на другите власти во судската власт – нагласи Камбовски.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article