Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба повторно да клекне пред своите граѓани и да им се извини за своите злосторства, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа потсети како Зеленски еднаш клекнал пред граѓаните на Украина за време на дебатата со поранешниот претседател на земјата, Петро Порошенко.
Како што истакна таа, ваквите изјави на Зеленски ја покажуваат „неговата манијакална суштина“.
– Признавањето дека греши, дека води во ќорсокак, не е на дневен ред. Граѓаните на Украина се фрлаат во овој казан, се намалува старосната граница за мобилизација, ова е реалност за која сега сите зборуваат, а очигледно е дека чекорат на тој начин. Има изјави и за нуклеарно оружје, бидејќи во спротивно би морале да признаат дека се во ќорсокак, како и целата идеологија. Но, токму изјавите за нуклеарното оружје во целата оваа ситуација ја покажуваат неговата манијакална суштина – заклучи Захарова.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во средата изјави дека подготовеноста на Зеленски да преговара со Русија е празна изјава и дека истата мора да се заснова на нешто, односно, како што вели, не може да се заснова на законска забрана за такви преговори.
– Анализата на нашата земја… покажува дека господинот Зеленски има големи правни проблеми со неговиот легитимитет, но и покрај тоа руската страна останува отворена за преговори – посочи Песков пред новинарите.