Жена завршила со тешки повреди откако била удрена од автомобил на улицата Бутелска во Скопје во текот на вчерашниот ден. Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираше МВР.
„Автомобил ‘рено твинго’ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(47) од Скопје, удрил во М.Н.(66) од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.