Марко Рубио го поддржа предлогот на американскиот претседател

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека се множат критиките за изјавата на американскиот претседател за Газа и протести избувнаа пред Белата куќа, се чини дека американскиот државен секретар Марко Рубио го поддржа планот на Трамп да ја преземе контролата врз палестинската енклава, која „мора да биде ослободена од исламистичката група Хамас“.

„Газа мора да се ослободи од Хамас. Како што денеска сподели претседателот, Соединетите Држави се подготвени повторно да ја водат и да ја направат Газа убава. Нашиот стремеж е траен мир во регионот за сите луѓе“, напиша Рубио синоќа на Икс.

Сепак, изјавите дадени оттогаш од Стејт департментот на Рубио на неговите веб-страници не го споменуваат експлицитно предлогот на Трамп. Засега ниту Трамп ниту Рубио не дадоа дополнителни детали.

Колку е реална идејата на Трамп за „ривиера во Газа“? Таа е замислена како договор за недвижнини во кој САД ќе ја преземат одговорноста за Газа и ќе осмислат проект за урбана обнова што ќе создаде работни места. Трамп тоа го нарече „сопственичка позиција“ на Америка.

Египет, земјата која би била најпогодена од вакво иселување го отфрли предлогот на Трамп. Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати изјави дека Палестинците не треба да ја напуштаат Газа. Тој му ја пренесе оваа порака на премиерот на палестинската самоуправа Мохамад Мустафа.

Трамп ќе мора да ги удвои напорите за мир?

„Њузвик“ пишува дека „ако Трамп сака да ја примени својата филозофија на мир преку сила“ на Блискиот Исток тој ќе мора да ја удвои и „примени својата моќ“ во преговорите. Медиумот го цитира американскиот воен ветеран Денис Рос кој беше клучен играч во 1990-тите кога беше постигнат израелско-палестински договор во Осло.

– Премиерот Нетанјаху не сакаше да му каже ‘не’ на Трамп, Катарците и Египќаните сакаа да покажат дека можат да постигнат резултати наместо него и многу веројатно го убедија Хамас дека е во негов интерес да има прекин на огнот сега затоа што Трамп не би сакал војната да продолжи откако ќе биде на функцијата – изјави ветеранот  кој денес служи во Институтот „Исток“ во Вашингтон.

„Њузвик“ потсетува дека идејата на Трамп доаѓа во време кога Израел и Хамас се на чекор до обезбедување привремено примирје што може да доведе до целосен прекин на конфликтот.

Тенкиот мраз во односите со Саудиска Арабија

Во меѓувреме, Саудиска Арабија реагираше на изјавата на Трамп за Газа со соопштение дека земјата нема да воспостави односи со Израел без создавање на палестинска држава. САД подолг период се обидуваат Саудиска Арабија да го признае Израел, а Саудиска Арабија се повлече од процесот во октомври 2023 кога почна војната во Газа.

- Advertisement -
Ad image

Влијанието на земјата која е најголем извозник на нафта во светот врз останатите муслимански земји по прашањето на Израел би било клучно.

Арапските земји одамна отфрлаат какво било принудно раселување на Палестинците и се залагаат за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи денеска изјави дека политиката на „максимален притисок“ врз Техеран, објавена од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се покаже како „уште еден неуспех“.

- Advertisement -
Ad image

Идејата ја осудија и официјален Пекинг и Истанбул.

Планот наликува на идеите на зетот на Трамп

Во исто време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министрите во неговата влада ја нарекоа историска изјавата на Трамп за Газа.

Си-Ен-Ен коментира дека тоа е најчудната идеја во историјата на мировната политика на САД за Блискиот Исток. Медиумот потсетува дека планот наликува на идејата која лани ја предложи зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Кушнер предвидуваше преселување на Палестинците од Газа и „исчистување“ на територијата за искористување на нејзиното „многу вредно“ медитеранско крајбрежје.

Меѓутоа, поради неколку причини, ваквиот план, кој, „совршено се вклопува во вториот мандат на Трамп“, изгледа апсурден, коментира Си-Ен-Ен.

„Доколку лидерот на најмоќната демократија во светот изврши такво принудно преместување, тоа ќе ги повтори злосторствата на минатите тирани и ќе создаде изговор за секој автократ да започне масовни програми за етничко чистење против ранливите малцинства“, се вели во статијата.

Претходните коментари на Трамп дека Палестинците треба да се преселат во Египет и Јордан веќе беа јавно отфрлени од палестинските и арапските лидери, а исто така беа осудени од поборниците за човекови права како еднаков на предлог за етничко чистење.

Ќе има ли втора фаза од примирјето?

Во воената акција на американскиот сојузник на Израел во Газа загинаа повеќе од 47.000 Палестинци во изминатите 16 месеци, според Министерството за здравство на Газа, и доведе до обвинувања за геноцид и воени злосторства, кои Израел ги негира.

Стотици илјади Палестинци се населија во северниот дел на Газа градејќи импровизирани засолништа. Во Газа е во тек е првата фаза од примирјето иако Нетанјаху рече дека ќе ги паузира преговорите со Хамас за следните фази за следните фази пред да се сретне со Трамп.

Се верува дека Хамас држи уште околу 50 заложници. Трамп синоќа рече дека разговорите за Блискиот Исток со Израел и неколку други земји „се движат напред“.

Share This Article