Шведската полиција денеска соопшти дека вкупно 11 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во престрелка во централниот дел на земјата.
„Единаесет лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот“, е новиот биланс од нападот што го објави полицијата на градот Оребро.
„Мотивот за нападот се уште не е познат, но сè укажува дека сторителот дејствувал сам“, се додава во соопштението.
Нападот се случи вчера во центар за образование на возрасни во предградието на градот Оребро, на околу 200 километри западно од Стокхолм.