Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Денешната минимална температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено, преку денот ќе има сонце и облаци. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.