Background

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе ја преземат сопственоста на разурнатиот од војна Појасот Газа, откако Палестинците ќе бидат раселени во други земји, и дека неговата земја економски ќе ја развие областа

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе ја преземат сопственоста на разурнатиот од војна Појасот Газа, откако Палестинците ќе бидат раселени во други земји, и дека неговата земја економски ќе ја развие областа.

Трамп го објави планот за изненадување, чии детали не ги откри, на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.

– САД ќе го преземат Појасот Газа, а ние исто така ќе работиме таму. Ние ќе го поседуваме и ќе бидеме одговорни за отстранување на сите опасни неексплодирани бомби и друго оружје на таа локација. Ќе го земеме тоа парче, ќе го развиеме, ќе создадеме илјадници и илјадници работни места и тоа ќе биде нешто со што целиот Блиски Исток може многу да се гордее – рече Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Тoj додаде дека САД ќе работат на економскиот развој на областа по расчистувањето на урнатините од зградите и дека Газа може да стане „ривиера на Блискиот Исток“. Тој, исто така, не ја исклучи можноста за испраќање американски војници за обезбедување на Газа.

-Што се однесува до Газа, ќе го направиме она што е потребно – рече Трамп.

На прашањето кој би живеел во областа, Трамп одговорил дека тоа би можело да биде дом на „луѓе од светот“.

Си-Ен-Ен разговараше со неименуван американски дипломат за најавата на Трамп, кој рече дека „реалноста останува дека 1,8 милиони луѓе во Појасот Газа ќе се спротивстават на таквата иницијатива и ќе одбијат да заминат“ и дека „не е веројатно дека Саудиска Арабија ќе бара мир во такви околности, а другите земји исто така може да ја преиспитаат својата посветеност на Абрахамскиот договор“.

Тој мислеше на планот за поширока нормализација на односите меѓу Израел и околните арапски земји, пред се Саудиска Арабија.

Саудиското Министерство за надворешни работи веднаш реагираше на синоќешната изјава на Трамп, велејќи дека Ријад останува посветен на својата долгогодишна позиција дека нема да се заложи за нормализирање на односите со Израел без гаранции за формирање палестинска држава.

„Саудиска Арабија ќе продолжи со неуморните напори за формирање палестинска држава со главен град Источен Ерусалим, а без тоа нема да воспостави дипломатски односи со Израел“ соопштија од Ријад.

За време на своето обраќање, Трамп не одговори директно на прашањето како и под која власт САД би можеле да ја преземат територијата на Појасот Газа и да ја окупираат на долг рок.

„Гледам долгорочна сопственост и дека тоа ќе донесе голема стабилност на тој дел од Блискиот Исток. Го проучував ова многу внимателно многу месеци – рече Трамп, додавајќи дека разговарал со регионалните лидери и дека тие ја поддржуваат идејата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation