Канје Вест првпат се огласи по скандалот на доделувањето на наградите Греми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Канје Вест по инцидентот што се случи на доделувањето на наградите Греми во неделата, објави на социјалните мрежи дека неговата сопруга станала „најпребаруваната личност на планетата Земја“, со што се обидува да го претвори скандалот во маркетиншки успех.

Раперот Канје Вест предизвика бурни реакции, прво поради неговото појавување на наградите Греми со сопругата Бјанка Ценсори, чија речиси целосно проѕирна облека предизвика скандал, а потоа откако проговори на социјалните мрежи за споменатите контроверзии, пренесува „ЛАДбајбл“.

Имено, Вест на својот инстаграм-профил, во објави кои брзо беа избришани, го обвини поранешниот водител на Си-ен-ен, Дон Лемон дека започнал гласини дека тој и неговата сопруга биле насилно отстранети од церемонијата.

– Ова се глупости што ги покренаа гласините дека јас и мојата сопруга сме исфрлени од доделувањето на наградите Греми. Три децении вложување во музиката и сè уште вака ме е..т – напиша Канје.

Лемон брзо ги отфрли овие наводи, посочувајќи дека всушност ги коригира дезинформациите за нивното заминување.

„Прво, Канје… Је, како и да се викаш. Не започнав никакви гласини за вашето исфрлување од Греми. Јас всушност го поправив тоа“, рекол Лемон во видео одговорот на Инстаграм.

Според повеќе извори блиски до организацијата, Вест и Бјанка не биле исфрлени од церемонијата на доделување награди. Наместо тоа, парот доброволно го напушти настанот откако се фотографираше на црвениот тепих, не беа присутни за време на самата церемонија, а подоцна беа видени на забавата по церемонијата.

Се испостави дека контроверзниот настап е внимателно испланиран маркетиншки потег. Ден по церемонијата, Вест го објави лансирањето на новата колекција на женска облека „Јези“, чие прво парче е идентично со она што Бјанка го носеше на журката на доделувањето на наградите Греми.

Share This Article