Background

Изборните ветувања многу внимателно се исполнуваат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сето она што го ветиле на изборите во однос на евроинтеграциите многу внимателно го исполнуваат и додаде дека ќе се бори за обезбедување подобра преговарачка позиција за земјава. На процесот на дијалог што треба да се воспостави со Софија вели треба да му се даде шанса, но и оти остануваат на своите ставови во однос на деблокадата на европскиот пат на земјата.

– СДСМ си измислува тези, ги пренесува тие тези и потоа мисли дека на тој начин ќе добие во јавност. Јас сум кажал дека ќе се борам, се ќе сторам за да обезбедам подобра преговарачка позиција од онаа катастрофална која што ја наследив токму од тие кои денеска критикуваат. Но, никогаш не сум кажал и не сум гледал на штоперица како секундант дека тоа ќе го сторам во рамките на првите недели или месеци. Никогаш тоа не сум го кажал. Мојот мандат кој што го добив од граѓаните е четири години, потоа следат нови избори. До граѓаните е дали се задоволни или не од мојата работа како претседател на Владата, тоа ќе го кажат на тие избори. Сето она кое што сме го ветиле ние го исполнуваме многу, многу внимателно и ќе продолжиме да го исполнуваме. Клучните ветувања – подобри плати, повисоки пензии линеарно зголемени, за земјоделците за сето што сме го ветувале ние тоа и го правиме и ќе се бориме сето она што тие го украдоа да го вратиме, а сето она кое што го распродадоа, исто така, да го повратиме. И тоа е моја обврска пред граѓаните и ќе продолжам така да се однесувам како претседател на Владата заедно со сите министри – вели Мицкоски прашан за обвинувања на СДСМ дека не го исполниле предизборното ветување за обезбедување подобра преговарачка рамка со ЕУ.

Во контекст на тоа дека веќе има стабилна политичка Влада во Софија, прашан дали ги контактирале колегите за да се започнат дијалог и што им одговориле, а доколку не кога ќе го направат тоа, тој кажа дека во моментов нема детали што би ги соопштил.

- Advertisement -
Ad image

– Кога ќе имаме какви било детали ќе ги споделиме со јавноста. Во моментот немам детали кои што би можел да ги споделам со јавноста кои што би значеле нешто важно, но мислам дека на процесот треба да му се даде шанса. По било која цена немаме намера да одиме со главата во ѕид, по која било цена нема да потпишуваме се што ќе ни биде ставено на маса. Нашите размислувања и политики ги знаете, ние имаме легитимитет од народот и ние мора да го слушаме народот. Политичари кои не го слушаат народот завршуваат многу лошо –  рече Мицкоски на новинарско прашање.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation