Кандидатите за градоначалници ќе бидат познати до јуни

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски сигнализира дека на претстојните локални избори во октомври партиите од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, ќе соработуваат, но сè уште не се донесени конечните одлуки.

На новинарско прашање за коментар на најавата на вицепремиерот Изет Меџити од „Вреди“ за можни предизборни коалиции со ВМРО-ДПМНЕ и дали веќе има договор за поддршка во некои општини, премиерот Мицкоски рече дека е природно владата која функционира со исклучителна кохезија да продолжи да функционира и за време на избори.

– Нечесна е политиката на двојни стандарди. Ако имате една заедничка платформа на владата и така функционирате, па на локални избори да препознаете друга платформа или политика, тоа е нечесно. Природен след на настаните е да соработуваме со владините партнери, но нема конечна одлука. Се разбира дека ќе разговараме во периодот што следи, има уште 7 и пол месеци до почетокот на кампањата. Нормално е соработката на централно ниво да се преслика на соработка на локално ниво – рече премиерот Мицкоски.

Во врска со тоа кога мое да се очекуваат имињата на кандидатите за градоначалници, Мицкоски повтори дека ќе бидат соопштени до првата половина на јуни.

– Во ВМРО-ДПМНЕ и во коалицијата „Твоја Македонија“ имаме внатрепартиска демократска процедура во која општинските комитети вршат мерења на мислењето меѓу граѓаните. И коалициските партнери добија покана да се пријави секој што има визија, платформа и цени дека може да додаде вредност во некоја општина. Кога ќе ги сублимираме резултатите ќе излеземе со кандидатите на коалицијата Твоја Македонија во втората половина на мај, до првата половина на јуни – рече Мицкоски.

На прес-конференцијата присуствуваше и министерот за локална самоуправа Златко Перински кој повтори дека има амбиција да биде кандидат за градоначалник на Скопје.

– Битно е изборот да биде направен на транспарентен начин, за да се избере најсоодветното решение, затоа што е извесно е дека тој и ќе биде победникот – рече Перински.

Share This Article