Орбан смета дека Трамп го сврте светот наопаку

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека претстојат „тешки месеци“ за Европската Унија, но дека неговата земја е подготвена за враќањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, и дека тековните преговори со новата американска администрација се во тек.

– Подготвени сме за враќање на претседателот Трамп и сме во преговори со Америка за да постигнеме добар договор – рече Орбан во објава на Фејсбук.

Говорејќи за првиот самит на ЕУ по инаугурацијата на Трамп, кој се одржа во Брисел, Орбан рече дека тоа е „чудна средба“ и дека повеќето во Брисел мислат дека можат „да го избегнат Трамп“, но тоа, како што истакна, „не можно”.

Орбан истакна дека Трамп „го сврте светот наопаку“ преку мерките што ги презеде во првите денови од неговиот мандат, нагласувајќи дека во САД веќе нема „панично разгледување на родовите прашања“, финансирање организации, поддржани од Џорџ Сорос, ниту, пак, поддршка на илегалната миграција или на војната меѓу Русија и Украина.

– Завршија сите обиди што бирократите од Брисел се обидоа да ни ги наметнат во последните години – рече Орбан.

Тој додаде дека правилата на светската трговија ќе бидат променети и дека Трамп ќе ги штити интересите на САД, дури и на штета на Европа.

Орбан истакна дека е неопходно да се постигне договор за да се зачуваат економските врски со САД, додавајќи дека добар договор може да се постигне само меѓу оние кои меѓусебно се почитуваат.

Share This Article