Background

Трудо реши да соработува со САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се согласи да го запре воведувањето царини од 25% за Канада и за Мексико на 30 дена, повлекувајќи ги северноамериканските соседи од работ на потенцијално штетна трговска војна, објави Би-Би-Си.

По разговорите со Трамп во последен момент, канадскиот премиер, Џастин Трудо, се согласи да ја зајакне границата на неговата земја со САД за да се запрат миграцијата и протокот на смртоносната дрога фентанил.

„Канада прифаќа нови обврски, вклучително назначување службеник, одговорен за проблемот со фентанил, додавање на мексиканските картели на списокот на терористички организации и создавање заедничка работна група со САД за борба против организираниот криминал, трговијата со фентанил и со перењето пари“, посочи Трудо во изјава на социјалната мрежа Икс.

- Advertisement -
Ad image

Претходно на 2 февруари Трамп објави дека САД од 4 февруари ќе воведат царини на робата од Мексико, Канада и Кина, како 3 најголеми американски трговски партнери.

По одлуката за пауза на царините, мексиканската претседателка, Каудија Шејнбаум, на конференција за медиумите кажа дека на царините на Трамп за Мексико се спротивставиле и некои американски компании.

– Многу од нив порачаа дека тоа не е примерно. Сето тоа помогна да дојдеме до договорот до кој дојдовме денес – кажа Шејнбаум.

Таа наведе дека паузата донела „извесност“ и дека е уверена дека следните состаноци ќе доведат до долгорочни резултати.

Таа сепак наведе дека Мексико го зачувува својот „план Б“, во случај сепак да се воведат царини.

Мексиканската претседателка веднаш нареди контрацарини кога беше објавена одлуката на Трамп за воведување царини од 25%.

„Му наложив на министерот за економија да го спроведе ‘планот Б’ кој вклучува тарифни и нецарински мерки за заштита на интересите на Мексико“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation