Во Лос Анџелес синоќа се одржаа 67. Греми награди, а на социјалните мрежи се прошири вирално видео од новинарка која паѓа на црвениот тепих.
Келти Најт, дописник на „Е! Вести“, известуваше во живо од црвениот тепих, на кој пристигна со голем стил.
Кога се приближуваше кон сцената, се сопна и падна, а камерите го снимиле незгодниот момент.
„Зошто секогаш се случува нешто на црвениот тепих? Само пуштете ме да живеам“, напиша таа покрај видеото кое насмеа многумина.
Келти беше во центарот на вниманието минатата година кога изгуби дијамант од четири карати на црвениот тепих на Златните глобуси во 2024 година. Таа потоа неуморно го барала и дури побарала помош од познатите личности за да го пронајде дијамантот, но за жал потрагата била неуспешна.