Бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година е намален за 4,7%, објави Државниот завод за статистика,
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1,6 %, во секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 5,0 % и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 2,5 %.
Најголемо намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија од 14,7% има во текстилните фабрики за производство на облека, кожарската индустрија (11,7%) и тутунската индустрија (12,7%).
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 3,3 %, кај „капитални производи“ за 3,0%, „интермедијарни производи, освен енергија за 6,3% и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 7,9%. Пораст бележи кај „трајни производи за широка потрошувачка“ од 25,7%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година бележи намалување од 0,3%.