Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасоши, продолжувајќи ја тенденцијата на барање подобри можности за живот во европските земји. Ова го покажува годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство, кој го објави бугарското радио БНР, повикувајќи се на податоците од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова.
Според извештајот, вкупно 16.500 лица лани добиле бугарско државјанство, што е за 4.000 повеќе од 2023 година. На врвот на листата се државјани на Украина (2.400 лица), по што следат Турција (2.200) и Молдавија (1.800). Македонија е на четвртото место со речиси 1.700 добиени бугарски пасоши.
Од БНР ја пренесуваат оценката од извештајот дека процесот на доделување бугарско државјанство продолжува да биде од интерес за голем број луѓе од регионот и пошироко. Според извештајот, во 2024 година биле издадени 227 декрети за промена на бугарското државјанство, а над 11.700 лица го добиле по основ на потекло или општа натурализација.
Истовремено, речиси 4.500 лица го вратија своето бугарско државјанство, а за 38 апликанти натурализацијата била откажана поради различни нерегуларности, меѓу кои и лажни документи. Одбиени биле скоро 6.000 барања за бугарско државјанство.
Tagged as:
Македонските државјани меѓу водечките кои добиле бугарски пасош
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
