Background

Реформите ќе ја зајакнат трговската и финансиската интеграција со европската

Реформите, вклучувајќи го и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските, се значаен фактор за привлекување странски директни инвестиции. А странските директни инвестиции во малите економии како нашата вообичаено се еден од двигателите на економскиот раст”, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Инвисо” (организаторите на Форумот на Централна и Источна Европа, порано познати како „Еуромани”).

Таа истакна дека најголемиот дел од странските директни инвестиции доаѓаат од ЕУ − околу две третини, вклучително и во банкарскиот систем. На овој начин уште повеќе се зајакнува трговската и финансиската интеграција на нашата економија со европската. Речиси 80% од нашиот извоз оди во земјите на ЕУ.

– Добро е што и покрај кризите и пречките во процесот на пристапување кон ЕУ, странските  директни инвестиции во изминатиов период се солидни и забрзуваат надминувајќи го историскиот просек. Секако, имајќи ги предвид позитивните искуства на други земји од пристапувањето кон ЕУ, натамошното спроведување на реформите коишто ќе нѐ доближат до европската економија е приоритет којшто може позитивно да делува и на странските директни инвестиции. Според последниот извештај на Европската комисија, нашата земја се оценува како умерено подготвена, оцена којашто е една од повисоките во регионот на Западен Балкан – рече  Ангеловска-Бежоска.

- Advertisement -
Ad image

Таа посочува дека изминативе неколку години Народната банка засилено работеше на усогласување на домашната правна рамка во банкарската и платежната сфера со правото на Европската Унија, со што создаде основа за започнување на процесот на интеграција на земјата во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), пред да пристапиме во ЕУ.

– Според анализа на Светската банка, за прекуграничното тргување со ЕУ, сега граѓаните во регионот на Западен Балкан плаќаат шестпати повеќе, додека фирмите десетпати повеќе, во однос на она што би го плаќале кога би биле дел од СЕПА. Ова ќе ја зголеми конкурентноста и ќе ги подобри врските со ЕУ, што е значајно за потенцијалот на економскиот раст и доходовната конвергенција кон ЕУ – вели  гувернерката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation