Граѓаните не поддржуваат членство во ЕУ ако тоа значи прифаќање на барањата на Бугарија, се резултатите од вчерашната анкета на платформата „Омнибус“.
На прашањето за поддршка за влез во ЕУ со услови од Бугарија како што се промена на јазик и историја, 64% од испитаниците рекле дека се против, а само 22% поддржуваат.
Граѓаните во големо мнозинство оценуваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ многу поуспешно се справува со корупцијата отколку минатата Влада.
Според анкетата, 46% од испитаниците се изјасниле дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е поуспешна во борбата против корупцијата. За СДСМ се изјасниле само 29% од прашаните граѓани.
Во периодот од 22 до 29 јануари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници од целата територија на Република Македонија.
Анкетата беше насочена кон мерење на јавното мислење на теми поврзани со оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, перформансите на двете влади и актуелните политички и економски теми.