Денеска како пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, поднесовме барање за одржување на јавна расправа со цел анализи и утврдување на потреба од изменување на законските прописи, а со цел зголемување на безбедноста на граѓаните, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Очекуваме поддршка од сите пратеници во Собранието и да ги надминеме системските проблемите со кои се соочуваме изминатите години“, наведено е во Фејсбук објавата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски.