Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени утринава во експлозија на автомобил-бомба во предградието на сирискиот град Манбиџ.
Автомобилот што експлодирал бил до возило во кое се превезувале земјоделски работници, при што загинале 14 жени и еден маж, соопшти сириската цивилна одбрана, пренесе АП.
Повредени се уште 15 жени, од кои некои се во критична состојба.
Манбиџ во североисточната провинција Алепо се соочува со тековно насилство по падот на режимот на Башар ал Асад во декември.
Четири лица загинаа, а девет се повредени во експлозија на автомобил-бомба во саботата во Манбиџ.