Во експлозија на автомобил-бомба во северна Сирија загинаа 15 лица, а неколку се повредени. Нападот се случил во област каде што антитурските групи се судираат со курдските сили. Сличен напад се случи во овој дел на Сирија пред нешто повеќе од една недела.
Најмалку 15 лица загинаа, а неколку се повредени денеска во експлозија на автомобил-бомба во северниот сириски град Манбиџ, јавија сириските медиуми.
Според сириската новинска агенција Сана, автомобил-бомба експлодирал во близина на возило во кое превезувале земјоделски работници, главно жени и девојчиња, при што загинале 14 жени и еден маж.
Според спасувачите од Белите шлемови, на кои Сана се повикува, имало „масакр“ на локален пат. Повредени се 15 жени, од кои некои се во критична состојба, пренесува француската новинска агенција АФП.
Автомобил-бомба експлодираше во близина на центарот на Манбиџ пред два дена, при што загинаа и беа ранети луѓе. Во оваа област силите предводени од Курдите се судираат со групите поддржани од Турција, јавува Сана.