Контроверзниот рапер Шон Комбс, познат и како Пи Диди пред неколку дена беше префрлен од затвор во болница, а се шпекулираше дека се работи за затворска тепачка.
Странските медиуми сега ги демантираат овие извори, а веќе е откриено дека Диди бил хоспитализиран поради проблеми со коленото, за што била потребна магнетна резонанца. Како што додадоа извори за „Њујорк пост“, Пи Диди во четвртокот вечерта бил пренесен во болница во Бруклин.
Да потсетиме, раперот од минатата година е во најозлогласениот затвор во Бруклин, под обвинение за трговија со луѓе, рекетирање и проституција, што тој и понатаму жестоко ги негира.