Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтер, вечерва е регистриран во албанскиот приморски град Валона. Потресот е почувствуван во 19:29 часот со епицентар во местото Вајза, округ Валона, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.
 
							 
								 
			

 
 
                                
                             
















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		