Background

Десетици илјадници граѓани ги блокираа трите мостови во Нови Сад

Српските студентите од попладнево блокираат три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешницата на градската железничка станица, а трагедијата зеде 14 жртви.

Блокадата започна во 15 часот, а според планот, Варадински и мостот Жежељ ќе бидат блокирани три часа, а мостот Слобода 24 часа.

На демонстрантите им се придружија белградските студенти кои во четвртокот тргнаа пеш кон Нови Сад.

- Advertisement -
Ad image

Колоната е огромна и почнува од Универзитетот, а насобраните носат пароли и транспаренти. На самиот мост и неговите приоди веќе се собрани десетици илјади граѓани.

Меѓу учесниците во блокадата на мостот Слобода во Нови Сад има и трактористи, кои се распоредени по различни улици. Дел од нив се упатуваат кон мостот, а по нив студенти и граѓани.

Во хрватските градови Сплит, Загреб и во Осиек се одржаа собири за поддршка на српските студенти, кои до месеци протестираат по несреќата во Нови Сад каде лани на 1 ноември загинаа 14 луѓе при уривање на натстрешница. Носеа транспаренти на кирилица и на латиница, преку кои изразија поддршка до своите колеги од Србија и порачаа дека солидарноста не познава граници.

Брачна двојка од Нови Сад веднаш по венчавката дојде на студентската блокада на Варадинскиот мостот , бидејќи невестата сакала да им фрли бидермаер на студентките. Невестата застана пред девојките, го сврте грбот и како што налага традицијата, го фрли својот бидермаер зад себе.

Бидермаер го фати студентка, што предизвика овации од насобраните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation