Background

МЛАДИТЕ БРАЧНИ ДВОЈКИ НЕ МОЖАТ ДА СИ КУПАТ СТАН Николовски најави дека се работи на нормализирање на цената за квадратен метар

Со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, започнуваме со намерата да ги нормализираме цените на становите на пазарот. Следен чекор е Охрид и Скопје каде ќе понудиме пониски цени од тие што се нудат на пазарот на недвижности, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска присуствуваше на доделувањето на социјални станови во општина Кочани.
– Во следниот период ќе работиме на реализација на комерцијални станови. Јавноста е запозната со одлуката на Владата, комерцијалната зграда која што се гради во општина Битола да биде понудена на продажба по цени кои што се би рекол реални, а тоа е 1000 евра за м2 за станбена површина, 500 евра м2 за гаража и деловните простории по 2000 евра за м2, како би можело да се влијае на енормно високите цени на пазарот за недвижности, пред се во неколку големи општини. Следни вакви комерцијални станови ќе се градат во Охрид, а ваков повик потоа ќе имаме  и во Скопје бидејќи многу млади брачни парови не можат да си дозволат да плаќаат по 2000-2500 евра за станбен квадрат – потенцираше вицепремиерот Николоски
Денеска во Кочани, вицепремиерот Николоски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, беа присутни на доделување на социјалните станови на семејствата кои ги исполнуваа условите согласно јавниот повик.
– После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес. Се работи за категории на граѓани кои навистина имаат потреба од овие станови и се надевам дека ќе имаат среќа и топол дом во истите. Би сакал на сите кои што денеска ги добиваат, да им посакам поубави моменти во истите во годините што се пред нив – истакна Николоски,
Тој додаде дека инвестицијата за социјалната зграда изнесува 72 милиони денар и дека се работи на изградба на вакви станови и во Прилеп, Македонска Каменица и Бутел во Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation