Поранешниот германски претседател Хорст Келер, кој беше претседател на земјата од 2004 година до 2010 година, почина денеска на 81-годишна возраст, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на канцеларијата на германското претседателство.
Келер „почина утрово во Берлин по кратко и тешко боледување, опкружен со своето семејство“, се наведува во соопштението на претседателството.
Келер беше демохристијанин, кој го презеде германското претседателство откако претходно беше на чело на Меѓународниот монетарен фонд од 2000 до 2004 година и претседател на Европската банка за обнова и развој од 1998 до 2000 година.
По завршувањето на неговата кариера како претседател, Хорст Келер беше од 2017 година до 2019 година Специјален пратеник на ОН за Западна Сахара, а од функцијата замина поради здравствени причини, потсетуваат француските медиуми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
