Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Најстудено ќе биде во Берово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 4 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална температура до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе има магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата ќе се искачи до 15 степени.
За утре УХМР најавува дека времето ќе биде релативно топло. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне облачноста ќе се зголеми.
Во недела ќе се задржи облачно, а потоа кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник, особено претпладне, се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег.
Услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник на истокот.
Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.