Возач со автомобил удри две лекарки во српскиот град Нови Сад за време на протест во поддршка на студентите.
Досега се случија повеќе вакви инциденти на протестите во Србија.
На објавеното видео на социјалните мрежи се гледа како автомобил минува преку нозете на жена која стои на една од главните улици во градот.
Инцидентот се случи додека демонстрантите оддаваа почит на 15-те жртви од трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Пред три месеци се урна бетонскиот покрив над влезот, при што загинаа 15 луѓе, а двајца тешко повредени сè уште се лекуваат во Клиничкиот центар на Војводина.
Една од повредените лекарки е примена во ургентниот центар на дијагностика поради повреди на главата.
Возачот го сопреа насобраните демонстранти.
По наредба на дежурниот јавен обвинител на возаќот му е одреден притвор до 48 часа, поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство во обид.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
