Мицкоски го поддржа протестот за Фросина

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за протестот на граѓани поради сообраќајката во која на булеварот Партизански одреди во Скопје беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова рече дека револтот на граѓаните е оправдан и оти ги поддржува протестите, најавувајќи дека ќе се спроведе ригорозна казнена политика на санкционирање на ваков тип дивеење.

– Апсолутно е оправдан револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем што треба да детектира ваков тип на дивеење по булеварите и улиците не само во главниот град, туку и насекаде во државата. МВР тоа како постапка го спроведува, и наскоро ќе имаме еден таков систем којшто ваков тип на дивеење ќе санкционира. И тоа мора да се случи. Колку и да треба политички куршуми да добиеме ние, тоа мораме да го инсталираме имплементираме и да преземеме казнена политика којашто ќе биде ригорозна, затоа што и еден живот да спасиме сме ја постигнале целта – рече Мицкоски во изјава за медиуми во Стопанска комора.

Според него, понеодговорно е, како што рече, „однесувањето на одделни политичари со некрофилска политика кои се обидуваат на ваков начин преку пораки коишто згрозуваат да привлечат политичко внимание и да добијат политички поен“.

– Ова е граѓански протест и оправдан протест и го поддржувам и во таа насока размислувам како премиер и како претседател на Владата. Но час поскоро треба системот Безбеден град да биде инсталиран, да функционира и сите законски измени коишто се неопходни да бидат донесени. Јас мислам дека оваа година сето тоа ќе биде ставено во функција. Жалам што годините наназад сето ова не било направено. Во овој буџет веќе се обезбедени средства, не само во градовите, туку и на клучните артерии автопатски и експресни патишта коишто ја поврзуваат државата со соседните држави – истакна Мицкоски.

Премиерот изрази надеж дека судско-обвинителскиот систем со доверба помала од 2 проценти кај граѓаните, конечно ќе се ослободи од партиските и други влијанија, и ќе суди, обвинува според закон.

Share This Article