Повеќе од 1 милијарда евра се остварени од странските директни инвестиции мали, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 1 милијарда евра се остварени од странските директни инвестиции мали, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

-Од бројките којшто јас ги имам на располагање, заклучно со ноември месец, имаме во 2024 година повеќе од една милијарда, мислам околу 1,014 милијарди евра. Што ако се преведе по глава на жител и процент од бруто домашниот производ е, за нас, најголемиот резултат, историски гледано- рече Мицкоски

Тој како што рече очекува трендот да продолжи и годинава.

– Очекувам тој тренд да продолжи и во оваа година, во 2025 година заедно со домашните инвеститори и очекувам тоа да биде драјвер за голем раст на македонската економија и бруто домашниот производ, нешто коешто нас ни е потребно насушно после неколку години стагнација или мачење во развојот. Така што ние како Влада сме целосно ориентирани и поддршка на директните вложувања на странски компании, но и директна поддршка на македонските компании и веќе зборувавме и со претседателот на Комората, кажавме дека оние 250 милиони евра коишто беа ветени, конечно од денеска, сите формалности се завршени, ајде би рекол од понеделник веќе ќе може да биде ставен на располагање на стопанството – рече Мицкоски на прес конференција по отворање на институтот за извоз на Стопанската комора.

Share This Article