Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска им порача на трговците да гi почитуваат законите и посебно законот за нефер трговски практики

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска им порача на трговците да гi почитуваат законите и посебно законот за нефер трговски практики. Таа упати апел и до сите други компании да ги почитуваат законите, бидејќи како што рече, контроли ќе има и злоупотребите ќе бидат казнети.

– Апелирам до сите компании во државата, не само до трговците, да ги почитуваат законите. Точно е можеби во периодов, во одредени државни институции заради лимити во капацитетите, не можеле да излезат и да ги исконтролираат состојбите. Но знаете дека кога се во прашање парите и финансиските трансакции сѐ останува вечно. Ние може да направиме контроли и по една година и да се вратиме наназад и да ги казниме. Ќе следат драконски казни. Затоа апелирам да не се злоупотребува моментот ако некоја надлежна институција не извршила контрола – рече Димитриеска Кочоска.

Министерката информира и дека веќе се одобрени нови вработувања во Инспекторатите и во Комисијата за заштита на конкуренцијата за да се подобри нивната ефикасност.

– Беа побарани 7 нови вработувања и тие ќе бидат одобрени. Новите вработувања ќе бидат со преземање или нови – рече Димитриеска-Кочоска.

Share This Article