Background

Иако бил полнолетен, таа го сместила во поправен дом за малолетници

Возачот, кој завчера ја усмрти младата Фросина Ќулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот Партизански одреди, минатата година бил ослободен од притвор за дело поврзано со неовластена трговија со наркотици. Иако во моментот бил полнолетен, судот пресудил да биде упатен во воспитно-поправен дом за малолетници. Според информациите на Радио Лидер, пресудата ја донела судијката Даниела Алексовска Стојановска.

Судијката на 31 јули 2024 година му изрекла воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом за малолетници, согласно Законот за правда на децата, при што ја укинала притворската мерка, овозможувајќи В.Ј. да се најде на слобода. Обвинението од Основното јавно обвинителство било поднесено на 2 април, додека Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава само три дена претходно, откако при рација во неговиот дом биле пронајдени над 80 паковки со амфетамин.

Иако В.Ј. бил полнолетен во моментот на сторувањето на делото, судот пресудил дека како „помлад полнолетник“ треба да биде упатен во поправен дом. Правни експерти посочуваат дека ваквата пресуда е реткост, особено кога станува збор за лице уапсено со значителна количина на дрога.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, според адвокатската фела, судијката Алексовска Стојановска важи за судија со интегритет, позната по тоа што им дава шанса на младите. „Не верувам дека намерно е направен пропуст“, изјавил за Радио Лидер еден од правниците со кои биле контактирани.

Објавата на Радио Лидер за досието на В. Ј. предизвика лавина од реакции во јавноста, особено поради фактот што тој бил познат на органите на прогонот најмалку во последните две години. Како одговор на случувањата, за денеска во 13:00 часот е најавен протест во знак на револт поради трагедијата што ја потресе јавноста.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation