По кратко боледување, на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Во својата кариера, која ја градеше во информативната редакција на Канал 5 каде како уредник остави значаен белег со своето известување и аналитички пристап. Професионалниот пат подоцна го продолжи во маркетинг индустријата, работејќи во секторите за односи со јавност.
Колегите ќе го паметат како исклучително професионален новинар, посветен на својата работа, но и како голем другар.
„Потекнуваше од новинарско семејство, а неговата страст кон медиумите и комуникацијата беше препознатлива во секој негов професионален ангажман“, велат колегите.
Зад себе остави сопруга и два сина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
