Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди со „пежо 207“ било пијано и не поседувало возачка дозвола

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди со „пежо 207“ било пијано и не поседувало возачка дозвола. Основното јавно обвинителство соопшти нареди да се спроведе истражна постапка против 20-годишник осомничен за  тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Иако возел по десната сообраќајна лента со автомобилот на неговиот татко, 20-годишникот, не ги почитувал прописите и поминал на црвено светло на семафорите, соопшти ОЈО Скопје. Претходно, дежурен јавен обвинител изврши увид на местото и беше наредена обдукција на телото на починатата, како и испитување на крвта и урината на возачот.

„Меѓутоа, (возачот) не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка“, се вели во соопштението.

Во написот стои дека „пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Share This Article