Tврдењата на пратеничката Рина Ајдари од ДУИ за тендерот за набавка за сол за јавните патишта ќе бидат проверени уште денеска, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Ајдари.
– И доколку има основано сомневање за сторено кривично дело, веднаш ќе биде истото санкционирано. Толеранција за криминал ниту има, ниту ќе има, кој и да го прави тој обид. Така што бидете сигурни дека оваа Влада, принципот како до сега нема да биде апликативен – изјави Мицкоски.
Претходно Ајдари посочи дека договорот е од 2,3 милиони евра, а според која тендерите биле добиени на сомнителен начин, за да се фаворизира компанија, која немала ниту еден вработен.
Пратеничката Ајдари постави прашања и за вицепремиерот, Изет Меџити и за министерот за европски прашања, Орхан Муртезани за последната посета на Милорад Додиќ, како и дали ќе побараат одговорност од заменик премиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ за организирање на спектакл, за кој, како што рече Ајдари бил проруски и тоа во центарот на Скопје. Пратеничката Ајдари одговорите на поставените прашања побара да ги добие писмено, бидејќи и Меџити и Муртезани не присуствуваа на денешната седница на пратенички прашања.
Tagged as:
ЌЕ БИДАТ ПРОВЕРЕНИ НАВОДИТЕ ЗА НАБАВКАТА ЗА СОЛ ЗА ПАТИШТАТА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
