Шефот на противпожарната служба на Вашингтон не верува дека има преживеани на местото каде се судија авион и хеликоптер, јавува „Гардијан“. Џон Донели вели дека се препоставува дека сите 64 лица од патничкиот авион „Американ ерлајнс“ и тројцата од воениот хеликоптер се мртви.
Тој рече дека дојавата за несреќа била објавена синоќа во 20.48 часот. Одговорните лица се соочиле, како што вели тој, со исклучително студени услови.
– Наишле на силен ветер. Пронашле мраз на водата и оперирале цела ноќ во такви услови – изјави Донели.
Тој им се заблагодари различните агенции и оддели кои дојдоа да помогнат во соасувачката операција.
Најмалку 28 тела беа извлечени од водите на реката Потомак по сударот на авионот со воен хеликоптер при слетување на националниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон.
Причината за несреќата сè уште не е позната, но според истражителите, таа можела да биде спречена.
Трупот на авионот е пронајден превртен во водата, а откриени се и остатоците од хеликоптерот.
„Утрово сите длабоко жалиме за жртвите“, рече градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боузер.
Аеродромот „Роналд Реган“ повторно ќе биде отворен во 11 часот по локално време.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
