Background

Американската централна банка (ФЕД) ја задржа основната каматна стапка во опсег од 4,25% до 4,5% на првиот состанок годинава, што е во согласност со очекувањата на пазарот

Американската централна банка (ФЕД) ја задржа основната каматна стапка во опсег од 4,25% до 4,5% на првиот состанок годинава, што е во согласност со очекувањата на пазарот, но спротивно на барањето на новиот претседател на САД Донлд Трамп. Претходно банката три пати ги намалуваше  каматните стапки.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, нагласи дека централната банка ќе продолжи внимателно да ги следи економските податоци пред да направи дополнителни прилагодувања. Тој повторно ја потврди посветеноста на ФЕД кон целта за инфлација од 2% и истакна дека е важно прво да се проценат ефектите од претходните промени во политиката.

Економските показатели покажуваат дека инфлацијата е значително намалена – од речиси 10% во 2022 година до нешто над целта на ФЕД од 2%, но сепак останува малку зголемена. Американската економија продолжува да расте со стабилно темпо, а силниот пазар на труд придонесува за тој раст.

- Advertisement -
Ad image

Во заклучок, ФЕД останува на тековната монетарна политика, при што акцентот е ставен на внимателен пристап и следење на економските трендови пред донесување на нови одлуки.

Следниот состанок за разгледување на состојбата во американската економија ФЕД ќе ја одржи во март.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation