Background

ИЗРАЕЛ УТРЕ ЌЕ ОСЛОБОДИ 110 ПАЛЕСТИНСКИ ЗАТВОРЕНИЦИ

Во замена за утрешното враќање на тројца заложници цивили, Израел ќе ослободи 110 палестински затвореници, од кои 33 се на доживотна затворска казна за смртоносни напади.

Израел не ослободува затвореници во замена за ослободување на петте тајландски заложници, бидејќи тоа ослободување е под посебен договор меѓу Хамас и тајландската влада, пренесе Тајмс оф Израел.

Палестинската екстремистичка група Хамас претходно ги соопшти имињата на следните тројца заложници што утре ќе бидат ослободени од Појасот Газа како дел од договорот за прекин на огнот.

- Advertisement -
Ad image

Една од заложничките што ќе биде ослободена во замена за десетици палестински затвореници е Арбел Јехуд, која има и израелско и германско државјанство, како и припадничката на израелската армија Агам Бергер, пренесе ДПА.

Покрај нив, Гади Мозес , за кој медиумите велат дека има и германско државјанство, ќе биде првиот машки заложник што ќе биде ослободен според договорот за прекин на огнот, кој ги прекина борбите на 19 јануари по повеќе од 15 месеци војна.

Петмина тајландски работници киднапирани од Израел, исто така, најверојатно ќе бидат ослободени.

Ослободувањето заложници е согласно договорот за прекин на огнот, кој ги прекина борбите на 19 јануари по повеќе од 15 месеци војна.

Во почетната шестнеделна фаза од договорот, 33 израелски заложници треба да бидат ослободени во замена за 1.904 палестински затвореници од израелските затвори.

Седум заложнички веќе се ослободени според договорот. Уште три ќе бидат ослободени в сабота.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation