Јавната здравствена установа Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ се оградува од постапката на докторот кој е притворен заради примање на поткуп.
Директорката на Битолската клиничка болница Ненси Лозанче преку соопштение посочи дека итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководна позиција.
„ЈЗУ Клиничка болница ‘Д-р Трифун Пановски’-Битола е запознаена со случајот од страна на СВР-Битола и ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито. Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма. Во овој случај, итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, секако според важечките законски прописи“, соопштија од Битолската клиничка болница.
Полицијата вчера го проведе М.С. (64) лекар и раководител на Хируршко одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, кој е осомничен за примање поткуп, а Основното јавно обвинителство во Битола предложи мерка притвор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
