Од следната недела клиниката ќе има пари за терапија до крајот на годинава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Два лека од оние што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје, се очекуваат да пристигнат денеска. Уште еден лек треба да ѝ биде на располагање на клиниката од утре. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорот на УКРО, Игор Стојковски.

– Останатите 3 лекoви ќе пристигнат на клиниката на почетокот од февруари. Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја обезбедиме соодветната терапија за пациентите – подвлече Стојковски во изјава за МИА.

Директорот рече дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на клиниката до крајот на оваа година. Доколку има потреба од дополнителни финансии, тој додаде дека Фондот за здравствено осигурување ќе им излезе во пресрет.

МИА претходно објави дека пациенти изјавија оти во моментов нема биолошка терапија на оваа клиника. Ги немало лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие тогаш кажаа дека стравуваат дека набргу ќе ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.

Share This Article