Николоски во Приштина разговараше за обнова на железничкото поврзување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Изградбата на патниот правец Тетово-Призрен, обнова на железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина како и изградба на заедничка железничка станица биле главна тема на разговорите на за време на денешната посета на министерот за транспорт Александар Николоски, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шакири и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски на Косово.

Како што соопшти Министерството за транспорт во рамки на посетата е остварена средба со косовскиот министерот за транспорт Либурн Алију.
Покрај средбата направен е и увид на неколку инфраструктурни проекти кои се работат во Косово.

„На средбата се отвори прашањето за железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина како и изградба на заедничка железничка станица која ќе ги олесни граничните постапки во делот на транспортот на добра и патници. Исто така на средбата се разговараше и за евентуалното патно поврзување и изградба на патниот правец Тетово-Призрен со изградба на зеднички тунел како гранична точка меѓу Македонија и Косово. Двете страни се согласиле да се формира работна група која ќе ги разгледа можностите за реализација на патот Тетово-Призрен“, се наведува во соопштението.

Двете страни се согласија дека Македонија и Косово имаат добра економска и политичка соработка и ја потенцираа потребата оваа соработка да се интензивира во духот на добрососедските односи.

Share This Article