ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ПАМЕР

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер.

Амбасадорот беше придружуван од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.

На средбата на која присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид се разговараше за можноста за воспоставување на соработка, во делот на противпожарната заштита. Особено беше потенцирана потребата од активна волонтерска служба за противпожарна заштита, која треба да биде соодветно опремена за делување при поголеми пожари на отворено. Исто така, стана збор и за можни проекти кои би обезбедиле  дополнителна опрема и обуки за противпожарната единица во Охрид.

Градоначалникот изрази големо задоволство од посетата на австриската делегација и надеж дека од оваа средба ќе произлезе конкретна идна соработка.

Во рамки на денешната посета, австриската делегација имаше средба и со вработените во ТППЕ Охрид, каде гостите имаа можност да се запознаат со техничката опременост, капацитетите и ресурсите со кои располага противпожарната единица. Беше остварена посета и на просториите кои ги користи доброволно противпожарно друштво  „Ентузијаст“. Членовите на оваа волонтерската организација во текот на изминатиот период беа дел од многу значајни теренски интервенции за гаснење на пожари во Охридскиот регион.

Share This Article