Се известуваат сите корисници на финансиски средства од Програмата за култура за 2025 година бр.08-15415/10 од 25.12.2025 година (Сл. Гласник бр 14) од 26.12.2024 година чии проекти, програми и активности се составен дел од Програмата за култура за 2025 година дека потпишувањето на Договорите за учество во финансирање на проекти, програми и активности од областа на културата, ќе се врши во периодот од 03.02.2025 година (понеделник), најдоцна до 20.02.2025 година, во канцеларијата на Одделението за култура, втор спрат во новата зграда на Општина Охрид во периодот од 09.00 до 15.00 часот (одговорни лица: Весна Јованоска и Ива Николоска).
Во горенаведените корисници спаѓаат сите носители на проекти чии манифестации, настани, активности, се од традиционален карактер и години наназад се составен дел од Програмата за култура на Општина Охрид.
Целта е правно да се регулираат односите помеѓу Општина Охрид и носителот на проектот.
Носителите на проекти по потпишување на Договорот за учество во финансирање ќе го поднесат Барањето за трансферирање на финансиски средства до Одделението за култура најмалку 1 (еден ) месец пред почетокот на манифестацијата, активноста, проектот или програмата.
Овластените потписници на правните лица на Договорите со себе да носат Тековна состојба од Здружението, институцијата, или друго правно лице кое врши дејност од областа на културата, додека пак уметниците и другите поединци да носат копија од лична карта и трансакциска сметка.
На веб страната на општина Охрид е објавени се :
Tagged as:
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА КУЛТУРА ЗА 2025
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
