Премиерот Христијан Мицкоски има разбирање за акцијата на граѓаните овој петок да се бојкотираат маркетите поради високите цени, по примерот на Хрватска.
-Тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарните инспекторати ја следат ситуацијата и навремено реагираат – изјави Мицкоски.
Тој оцени дека е кривично дело тоа што два големи синџири на маркети се обиделе да го изиграат законот за нефер практики со тоа што на производителите им давале договори со 10% маржа, а потоа им се нудат специјални договори, во кои маржата се зголемува на 40 до 45%.
-Ако ова се случува е кривично дело и треба да ги кажете маркетите, да ги кажете пред органите задолжени за тоа – рече Мицкоски.
На ова новинарот кој го постави прашањето соопшти дека тоа се Тинекс и Веро.
На социјалните мрежи граѓани деновиве повикуваат да се бојкотираат маркетите поради енормното зголемување на цените на производите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
